Мицкоски: Планови за излез на Охрид од сивилото во кое се наоѓа 52 месеци

Христијан Мицкоски во Охрид
Христијан Мицкоски во Охрид / Фото: Фејсбук, Христијан Мицкоски

Коалицијата „За обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ максимално се мобилизира во пресрет на престојните Локални избори за претставување на своите проекти и плановите пред гласачите.

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска од Охрид истакна дека буквално ништо не е направено од ветеното, граѓаните не виделе ништо освен многу грабеж, криминал, понижувања.

– Тука сме за на граѓаните да им понудиме излез од сивилото во кое се наоѓа градот и државата изминатите 52 месеци. Убеден сум во голема победа во Охрид, а идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе посвети големо внимание на Охрид кој го заслужува вистинското место во Македонија, рече Мицкоски.

Тој денеска имаше средба со коалицискиот партнер Зијадин Села, лидерот на Алијансата на Албанците. Мицкоски рече дека од власта за изборите не очекува ништо осем закани, поткуп, притисоци.

– Очекуваме што повеќе граѓани да излезат и да гласаат затоа што со останување дома практично се одобруваат погрешните политики. Ниту охриѓани ниту јас очекуваме поинакво однесување од Заев и Спасовски, а тоа е многу пари за поткуп, многу притисоци и закани. Но, охриѓани се одлучни да ги поразат и го изберат Кирил Пецаков за градоначалник уште во првиот круг, рече Мицкоски.

Лидерот на опозицијата повика на масовна излезност и поддршка од граѓаните на 17 октомври за да се стави крај на, како што рече, „расипничко и криминално владеење изминатите 52 месеци“.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот