Мета: На Албанија и треба надеж, мора да се запре одливот на млади

Илир Мета / Фото: Архива на „Слободен печат“

Според него заминувањето на младите и затворањето на многу студиски насоки на универзитетите низ целата земја е „една многу голема рана”.

Албанскиот претседател Илир Мета во објава на Фејсбук наведува дека заминувањето на младите од земјата е рак рана на албанското општество.

Додава дека на Албанија и треба надеж и нагласува дека подоброто образование на младите е најголемата надеж за земјата.

Смета дека мора да биде запрен одливот на мозоци и младата и покреативна сила.

„Албанија денеска има потреба од надеж повеќе од кога и да било! Доброто образование на младите е најголемата надеж на нашата земја и најважната инвестиција за иднината. Мора да се запре одливот на мозоци и младите и покреативни сили на општеството, пишува Мета.

Според него заминувањето на младите и затворањето на многу студиски насоки на универзитетите низ целата земја е „една многу голема рана”.

„На нашите млади треба да им се понуди поголема надеж и алтернативи за образование и вработување. На Албанија и е потребно „brain gain”а не „ brain drain”, порачува Мета.

Поради масовното заминување, пред се, во западно европските земји, во многу сектори во земјата веќе се чувствува недостиг на работна сила.

Деновиве актуелизиран е проблемот со недостиг на здравствен кадар. Во последната деценија Албанија ја напуштиле 4.000 лекари и 9.000 медицински сестри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот