Мета: Целта на владата на Рама е враќање на диктатурата

Претседателот на Албанија, Илир Мета, се сретна со известувачот на Европскиот парламент за Албанија, Изабел Сантос. Мета на средбата истакнал дека според него намерата на оваа власт е враќање на диктатурата.

-Благодарен сум за помошта која европските институции и земјите членки го дадоа за албанскиот народ. Алчноста на мнозинството по секоја цена и со анти-уставни мерки да го поtтчини Уставниот суд, го нарушува угледот на оваа клучна институција за отчетност на владата и сериозно ја компромитира волјата на мнозинството да се отворат преговори за пристапување со Европската унија. Освојувањето на анти-уставниот закон на денот кога во Тирана пристигна Венецијанската Комисија ја покажува длабоката непочит кон оваа меѓународна институција и докажува дека целта на оваа мнозинство е враќање на диктатурата преку “правни лекови“- изјави претседателот на Албанија, Илир Мета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот