Меркур во Јарец: Овие 3 знаци ќе доживеат големи промени во љубовниот живот

хороскоп
Фото: Unsplash

Астролошкиот транзит Меркур во Јарец, кој се јавува на 13 декември 2021 година е преполн со промени и генијалност. Овој транзит ќе нè натера „да ја видиме светлината“ кога станува збор за нашите врски, и ќе добиеме увид во тоа што треба да остане и што мора да оди.

Бик

За време на Меркур во Јарец ќе посакате да ја разберете вашата врска. Можеби ќе почнете да ги гледате работите во ново светло и ќе имате потреба за промени и надоградби. Понекогаш се наоѓаме во врска која изгледа како да стагнира. Може да се задоволиме и со стагнација, но… станува досадно. Овој транзит нема да дозволи да дојде до стагнација. Очекувајте сериозни разговори со вашиот партнер и фантастични резултати.

Вага

Вашиот љубовен живот драматично ќе се промени бидејќи и вие и вашиот партнер еволуирате на ново ниво. До сега не сте имале нерви да ги остварите работите што сте ги сакале, но Меркур во Јарец ја носи со себе енергијата на промени, а за среќа таа енергија е агресивна и позитивна. Ако сакате да ја однесете врската на следното ниво сега е времето. Дури и ако копнеете за нешто смело или ризично.

Скорпија

За време на овој астролошки транзит можете да ги вратите загубите и да почнете да градите врз нови идеи со вашиот партнер. Она што е минато е поминато. Вие и вашиот партнер сега препознавате дека секоја штета предизвикана во минатото сега е завршена. И двајцата сте подготвени да напишете ново поглавје во вашиот љубовен живот. Ќе сакате да го разберете она што го имате.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот