Меркел сака од 8 март во Германија да се ублажат некои епидемиолошки мерки

epa09036522 German Chancellor Angela Merkel holds a press conference after the European Council video conference, Berlin, Germany, 25 February 2021. EPA-EFE/CHRISTIAN MARQUARDT / POOL

Германската канцеларка Ангела Меркел на утрешната нова средба со премиерите на 16-те германски покраини, ќе предложи од 8 март да се ублажат ограничувањата за социјални контакти во земјата, се наведува во предлог одлуката што ќе им биде понудена на разгледување и усвојување на шефовите на германските региони.

Според одлуката, до која веќе дојдоа западните агенции, од Празникот на жената ќе бидат овозможени контакти меѓу „две домаќинства”, како и собирање на најмногу пет лица, не сметајќи ги децата.

Во последните неколку недели во Германија повторно беа отворени фризерските салони и училиштата, и покрај стравувањата кај здравствените власти од трет бран на коронавирусот.

На утрешниот состанок се очекува да биде продолжено важењето на повеќето мерки што се во сила веќе четири месеци, како затворените ресторани, барови, музеи и спортски сали, а рокот им е до до 28 март.

Германските власти особено се плашат од новите мутации на коронавирусот што многу брзо се шират низ Европа и нивната земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот