Меркел апелира до граѓаните: Не патувајте во подрачја со висок ризик

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ги повика граѓаните на земјата да не патуваат во земји и региони каде постои голем ризик од зараза со коронавирусот.

– Се покажа дека несразмерно висок број на патници кои се враќаат (од подрачја со висок ризик) се тестирани позитивни, рече Меркел по средбата со регионалните министри посветена на новите рестриктивни мерки.

Нов дигитален систем од октомври ќе го замени предавањето на документи во форма на хартија на летовите, со цел подобро да се следи движењето на повратниците и да се следи дали тие ги почитуваат обврските за карантин.

Оние кои не ги почитуваат правилата, се соочуваат со големи парични казни.

Меркел додаде дека задолжителното тестирање на аеродромите ќе продолжи, но додаде дека може да се скрати периодот од 14 дена карантин, доколку се обезбеди негативен тест, пет дена по слетувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот