Мелони вети дека ќе даде сè од себе во борбата со високите цени на струјата

Џорџа Мелони на предизборен митинг во Џенова - Фотографија ЕПА, Лука Ѕенаро

Следната италијанска влада ќе ги насочи своите напори кон обидот да ги скроти зголемените цени на енергијата, изјави Џорџа Мелони, која се очекува да биде именувана за премиерка, пренесува Ројтерс.

Коалицијата која победи на изборите минатата недела се соочува со застрашувачка листа на предизвици, вклучувајќи го и скокот на цените на енергијата во голема мера предизвикан од руската инвазија на Украина.

„Сè уште мислам дека ова е примарна одговорност на новата влада и ние очигледно сме посветени да работиме на тоа“, рече Мелони.

Таа рече дека е во „редовен контакт“ со владата на Марио Драги во заминување и дека ќе го брани националниот интерес на Италија, но тоа нема да значи прифаќање на негативен став кон меѓународните партнери.

Додека земјите од Европската унија дебатираат за тоа дали да се постави ограничување на цената на гасот за блокот за да се спротивстави на зголемените трошоци за гас и електрична енергија, Германија во четвртокот постави „одбранбен штит“ од 200 милијарди евра (196 милијарди долари) за да ги заштити своите компании и домаќинства.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот