Мелбурн ќе ја решава сообраќајна гужва со летачко Убер такси

Мелбурн во Австралија ќе биде првиот град надвор од САД кој ќе и има свое летачко Убер такси. На тој начин Мелбурн ќе стане еден од светските лидери во јавниот превоз.

На овој начин Мелбурн  ќе го решава проблемот со големите сообраќајни гужви и ќе влезе во елитното друштво на Далас и Лос Анџелес, градови кои имаа свое аеро такси.

Тест летовите на аир таксито во Мелбурн ќе започнат во 2020 година, а комерцијалните возење  би требало да стартуваат од 2023 година , пренесува Си Ен Ен.

Неколку компании веќе ги развиваат своите аеро такси како еден од новите начини на јавен превоз.

Од компанијата Убер сметаат дека летачкото такси е одлично решение за  сообраќајните гужви во големите градови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот