профимедиа

Меланија Трамп ги знае сите правила на добриот стил: Комбинацијата од овие две бои е полн погодок! (ФОТО)

Меланија уште еднаш демонстрираше како изгледа совршено стилски усогласена комбинација

Првата дама била во посета на една клиника каде се дружела со мали деца, а за таа прилика уште еднаш избрала феноменален стајлинг. Мора да признаеме дека ништо помалку не ни очекувавме од неа.

Овој стајлинг на Меланија е совршен за деловната комбинација или некоја слична прилика. Благодарение на овогодишната најпопуларна боја таа ја збогати „строгоста“ која деловниот аутфит ја поседува.

Модните експерти велат дека спојот на кафена и минт боја, томку како што ги искомбинира и Меланија, се победничка комбинација.

Стајлингот го направи интересен со ременот во нешто посветла нијанса на кафена боја. Овој аксесоар е феноменален бидејќи ја нагласува половината и фигурата ја прави поскладна.

Дали на вас ви се допаѓа комбинацијата од овие две бои?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот