Мекалистер: Вклучете го Западен Балкан во враќањето на слободното движење во Европа

Земјите од Западен Балкан треба да бидат вклучени во процесите со кои постепено се обновува слободата на движење во Европа преку здравствени сертификати, вели претседателот на Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент, Дејвид Мекалистер.

– „Ова не е само политичко прашање, туку е и многу техничко прашање каде ЕУ ќе ги слушне мислењата на експертите од Европската агенција за лекови за тоа дали се исполнети потребните стандарди во земјите од Западен Балкан“, заклучи Мекалистер.
Тој нагласува дека вакцинацијата против ковид-19 е клучна за ставање крај на пандемијата, постепено враќање во нормала, но и за зачувување на „европскиот начин на живот, кој вклучува слобода на патување низ цела Европа“.
Извор:Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот