Медведев повторно критикува: Секој што ќе убие член на НАТО треба да биде награден

Дмитри Медведев / Фото EPA-EFE/EKATERINA SHTUKINA / SPUTNIK / GOVERNMENT POOL MANDATORY CREDIT

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев вчера остро го критикуваше НАТО и предложи награда за секоја убиен негов член. „За овие прекуокеански вошки, кои, за разлика од несреќните Украинци, не мораа да војуваат, може да има само едно правило: да нема затвореници!“ напиша Медведев на Икс, кој сега е заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност.

„И кој ќе убие, разнесе или запали војник на НАТО треба да биде максимално награден“, додаде тој.

Медведев се спротивстави на хипотетичкото сценарио, кое тој самиот го претстави на социјалните мрежи, во кое НАТО првично ќе распореди војници и специјални сили во западна Украина за „одржување на редот, како и обука“. „Тоа се дрски насилници кои го сметаат целиот свет за будала“, напиша Медведев.

Рускиот функционер изјави дека сите сили на НАТО во Украина ќе се сметаат за дел од редовната армија што се бори против Москва. „Затоа тие треба да се третираат само како непријатели. Не само како непријатели, туку како елитни одреди, хитлерови луѓе“, продолжи Медведев.

Ова е реторика која често ја користи Кремљ – потсетувајќи на улогата на Русија за време на Втората светска војна, истовремено обвинувајќи ја Украина дека е под нацистичка власт. Неодамна, Русите се почесто споменуваат директен конфликт со НАТО, додека рускиот претседател Владимир Путин предупредува дека таквата ситуација неизбежно ќе доведе до трета светска војна и нуклеарна катастрофа, пишува Бизнис Инсајдер.

Засега, лидерите на НАТО алијансата ја отфрлаат можноста за распоредување војници во Украина, иако некои се залагаат за таква опција, како францускиот претседател Емануел Макрон. На почетокот на 2023 година протекоа доверливи документи од Пентагон во кои се наведува дека во еден момент во Украина биле испратени околу стотина оперативци на НАТО.

Не помогна тоа што полскиот министер за надворешни работи Радек Сикорски рече дека војниците на НАТО се „веќе присутни во Украина“, но не кажа колку се распоредени или за каква цел. „Немаме планови да распоредиме борбени трупи на НАТО на територијата на Украина“, изјави за новинарите во средата генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот