Медицинската сестра чии фотографии го обиколија светот, сепак нема да биде казнета! (ФОТО)

Медицинската сестра Надиа (23) од рускиот град Тула минатата недела беше фотографирана како за време на смена во ковид-болница работи само по бикини и заштитна медицинска опрема сепак нема да биде казнета!

Откако фотографиите од младата медицинска сестра го обиколија светот, директорите на болницата и се заканија со дисциплинска казна.  

Сепак, младата Надиа доби огромна поддршка од нејзините колеги, доктори, а дури и некои политичари застанаа на нејзина страна. 

Докторите и другите медицинските лица од ковид-болницата „Тула“ истакнаа дека во објектот имало недостиг на заштитна опрема.

Дури и главната директора на „Miss X lingerie“, брендот на бикинито кое Надиа го носи кога била фотографирана, ја бара младата медицинска сестра да позира за нив: „Сакаме Надиа да позира во нашата долна облека. Подготвени сме да и доставиме некои ексклузивни сетови за проба, а во иднина би сакале да склучиме договор со неа“, изјавила Анастасија Јакушева за руските медиуми, пренесе Дејли меил.

Надиа (23) на руската социјална мрежа „ВКонтакте“ споделила фотографии со костимот за капење во кој беше фотографирана во болницата / Извор: Дејли мејл

Во меѓувреме, започна и кампања против пациенти кои фотографираат медицински персонал во болниците.

Фотографиите од Надиа станаа вирални на тој начин, откако маж кој бил пациент во болницата ја фотографирал и ги објавил фотографиите на социјалните медиуми

Медицинската сестра на шефовите на болницата им рекла дека и било „премногу жешко“ да ја носи задолжителната заштитна опрема, при што не сфатила дека заштитата и е премногу транспарентна.

Шефовите минатата недела рекоа дека против Надиа ќе биде спроведена дисциплинска казна, без да прецизираат каква казна ќе добие медицинската сестра.

Фотографија која ја сподели маж, пациент во болницата стана вирална / Извор: Дејли мејл

Мажите пациенти им рекле на управата дека „нема никаков проблем“ околу транспарентната униформа, но некои од нив признале дека малку им било незгодно.

„Надиа сега е под огромен стрес“, изјавил нејзин колега за локалниот венсик Комсолскаја Правда, додавајќи „буквално е во шок, плашејќи се да не ја изгуби работата“.

Една од колешките на Надиа, медицинска сестра во истата болница за локалните руски медиуми изјавила дека не сака да зборува за случајот за да не и направи проблем: „Многу е едноставно во мали места како Тула. Луѓето ќе почнат со булинг против неа и да ја озборуваат“.

Според вработените, овој „инцидент“ се случил поради недостиг на медицинска опрема која треба да се носи под заштитниот мантил.

Медицинската сестра Оксана Друбо од истата болница вели дека „многу е битно да се сфати зошто дошло до ова“: „Медицинскиот персонал не сака да носи транспарентна заштита, но само такви имаме на располагање во моментов, и тоа нема ни за сите вработени“.

Надиа кога била фотографирана од пациентите

„Да се надеваме дека овој чин ја зголеми желбата за живот кај некои од пациентите“, вели поранешниот професионален боксер кој сега е политичар, Николај Валуев, истакнувајќи дека Надиа не треба да биде казнета.

Витали Милонов, кој е исто така политичар рече „Не треба да се поведе никаква дисциплинска постапка против медицинската сестра. Таа немала лоша намера и сигурен сум и дека таа самата се засрами откако сфати дека тоа што го носи е транспарентно“. Во ниту еден случај не треба да биде казнета, јас застанувам на нејзина страна“.

Сенаторот Владимир Кругли вели дека според него и правилата, во овој случај имало прекршок од страна на Надиа, бидејќи опремата која ја носела не ја заштитувала нејзе од вирусот, но сепак се противи на тоа да биде казнета.

Нејзината колешка Друбо додава: „Штом пациентите можат да ја фотографираат и така блажено да ги шират фотографиите, тогаш или оздравеле или ги третираме добро, па што побрзо треба да си заминат дома. Тие треба да бидат благодарни на цел медицински персонал поради тоа што се здрави“.

Медицинската сестра Надиа си доби и голема поддршка од жителите на рускиот град Самара, па така медицински сестри оттаму го окупираа хаштагот #поракупальников (костим за капење) и позираа во транспарентна медицинска заштита и бикини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот