Маж влетал со својот автомобил во кинескиот конзулат во Сан Франциско, полицијата го убила

Инцидент во Сан Франциско / Фото: AA/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Маж со своето возило синоќа влетал во кинескиот конзулат во Сан Франциско, по што бил застрелан и убиен по конфронтација со полицијата, соопштија властите. Возачот удрил со својот автомобил во фоајето на Генералниот конзулат на Народна Република Кина, во кој се обработуваат визи, потврди Кетрин Винтерс, портпарол на полицијата во Сан Франциско.

Винтерс додаде дека полицајците се соочиле со возачот неколку минути по несреќата и пукале во него, пишува Си-Ен-Ен. Возачот бил пренесен во локалната болница каде била констатирана смрт. Не е јасно колку луѓе имало во конзулатот кога се случил инцидентот, но Винтерс рече дека се чини дека никој друг не бил повреден.

На синоќешната прес-конференција Винтерс одби да каже зошто полицијата отворила оган или дали убиениот е вооружен. Таа, исто така, одби да коментира дали автомобилот удрил во зградата бил намерен или да даде други информации за лицето или инцидентот.

Портпаролот на Генералниот конзулат на Кина во Сан Франциско изјави дека несреќата предизвикала „сериозна штета“ на зградата и ги ставила луѓето во „сериозен ризик“ од повреди или смрт. Во соопштението тој наведува дека конзулатот „најостро го осудува“ инцидентот и повикува на „брза истрага и сериозно постапување во согласност со законот“.

Полицијата во Сан Франциско потврди дека нејзини вработени и претставници на американскиот Стејт департмент соработуваат со кинескиот конзулат. Винтерс нагласи дека властите работат на утврдување на агенцијата што ќе ја води истрагата за инцидентот.

„Ова е уникатна истрага бидејќи инцидентот се случи во фоајето на кинескиот конзулат, така што се вклучени голем број агенции и јурисдикции, така што ова е далеку од нормално пукање“, заклучи таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот