Матурантите кои минатите години не положиле матура бараат да не полагаат државна матура 

Министерството за образование и наука останува на ставот  дека нема дискриминација и ослободувањето ќе важи само за оваа генерација поради предизвиците со кои се соочуваат учениците предизвикани од пандемијата со коронавирусот

Вкупно 1. 400 ученици што во минатите години не положиле државна матура бараат да не полагаат исто како овогодинашните матуранти. Сметаат дека собирањето во поголеми групи, поради здравствените мерки, е забрането. Тие денеска од Штип преку свои претставници побараа Министерството за образование и наука на оние кои за полагање се пријавиле до декември,  да им дозволи да се запишат на факултет со положена училишна матура.

Кирил Ѓеорѓијев вели дека во писмото испратено до Министерството наведуваат дека на овој начин  ги дискриминира во однос на сегашната генерација, бидејќи овие ученици со  владина Уредба годинава беа ослободени од полагање на испитот.

Министерството за образование и наука останува на ставот  дека нема дискриминација и ослободувањето ќе важи само за оваа генерација поради предизвиците со кои се соочуваат учениците предизвикани од пандемијата со коронавирусот, скратувањето на училишната година, нецелосно реализирање на наставната програма и учењето на далечина, а учениците претходните години, кои до крајот на декември ја пријавиле државната матура, школската матура или завршниот испит, ќе ги полагаат вообичааено.

-Ова не е случај со учениците од претходните учебни години, бидејќи тие не се соочуваа со ваков тип предизвици – далечинско учење, скратена наставна материја и слично, односно воспитно-образовниот процес за нив се реализира во вообичаени услов, се вели во соопштението од Министерството за образование и наука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот