Масовна вакцинација: Макрон предупреди, Французите послушаа

Емануел Макрон
Емануел Макрон/ Фото: EPA-EFE/THIBAULT CAMUS / POOL MAXPPP OUT

Над милион луѓе во Франција закажаа вакцинација против ковид за помалку од еден ден од предупредувањето од претседателот Емануел Макрон дека невакцинирани нема да можат да влегуваат во трговски центри, ресторани или да патуваат без здравствена потврда, пренесува Бета.

Поради новиот пораст на заразени, Макрон вчера во обраќање до нацијата најави дека ќе бидат потребни спрецијални антиковид пропусници за секојдневни работи, како што е пазарење, патување со авион или воз и слично, а ова ги загрижи и Французите и туристите кои сега се во посета на земјата.

Апликацијата „Доктолив“ која ги централизира закажувањата за вакцинација и други лекарски прегледи во Франција, денес јави дека 1,3 милиони луѓе се пријавиле за вакцинација по обраќањето на Макрон.

Најголем број од новозакажаните за вакцинација се млади луѓе на возраст под 35 години.

Ковид пропусницата ќе биде задолжителна од 1 август во сите ресторани, а за да се добие мора да се има доказ за примени вакцини или неодамна прележан ковид или негативен ПЦР тест не постар од 48 часа.

Во Русија за еден ден најмногу починати од ковид досега – дури 780

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот