Маслиновото масло во Грција како златото – од 43 до 70 евра за пет литри

Цените на маслиновото масло сега ги надминаа и најпесимистичките предвидувања за тоа колку чинеше во 2023 година и колку чини денес.

Маслиновото масло сега стана недостапно за грчкиот потрошувач со зголемувањето на неговата цена над 60%. Во Грција во март на годишно ниво, потрошувачите платиле 67,2% повеќе за маслиново масло, по последователни зголемувања од повеќе месеци, анализира То Вима. Цените на маслиновото масло сега ги надминаа и најпесимистичките прогнози. Во супермаркетите екстра девственото достигнува 16,47 евра за литар, а пакувањето од 1,5 литар е 24,71 евро.

Слична е сликата и во поголеми пакувања, кои обично се поекономични од единечните шишиња. Екстра девствената сорта Коронеики е 14,61 евро за литар и 4 по 58,45 евра за литар, објави Мега. Сепак, сензација е што грчкото маслиново масло понекогаш чини поевтино во странство, отколку во домашните маркети!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот