Марко Срдановиќ од следната сезона во РК Вардар 1961?!

фото: facebook.com/MPSabac

Како што информираат српските медиуми, 25-годишниот Марко Срдановиќ кој настапува на позицијата лево крило договори соработка со поранешниот двократен шампион на Европа, Вардар 1961, со опција за продолжување на уште една година.

Ги брани боите на РК Металопластика, а претходно настапуваше и за екипата на Леотар.

Оваа сезона одигра 25 натпревари и постигна 88 голови, а најефикасен беше во дербито против Војводина кога деветпати се запиша во листата на стрелците.

Моментно на позицијата лево крило тренерот на Вардар 1961 Владо Недановски ги има на располагање Дејан Манасков, Полјакот Јан Чувара и Марио Стојановски.

За скопските „црвено-црни“ игра уште еден Србин, десното крило Дарко Ѓукиќ кој поголемиот дел од сезоната го пропушти поради операцијата на коленото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот