Манчини: Македонија има добра техника, не заборавајте дека таа ја победи Германија!

Роберто Манчини со пофалби за македонската А репрезентација/ фото: EPA-EFE/MAURIZIO BRAMBATTI

Селекторот Роберто Манчини предупреди дека Италија немала многу време да се подготви за Македонија и баражот за Светското првенство, поради што се фокусирал на истите момци со кои го освои лани Европското првенство.

Полуфиналето од мундијалскиот бараж ќе се игра во четврток со почеток од 20.45 часот во Палермо на стадионот „Ренцо Барбера“. Победникот од овој натпревар ќе се соочи со Португалија или Турција за место на СП во Катар 2022.

– Немавме многу време, момците мораа да се опорават од долгите патувања и многу натпревари, така што навистина имавме само половина ден да испробаме тактички ситуации. Ова е причината зошто се фокусиравме на истите момци кои го освоија Евро 2020, бидејќи тие се познаваат и што треба да направиме – рече Манчини на прес-конференцијата.

Има и девет играчи во сегашниот состав кои доживеаја елиминација во плеј-офот на Светското првенство против Шведска во ноември 2017 година.

Сите посакуваме да можеме да доживуваме само победи. Сè што треба да направиме е да бидеме концентрирани на себе, потребно ни е трпение. Италија игра добар фудбал и не треба да се фокусираме на ништо повеќе. Сите почнуваме од нула, секој натпревар започнува со 0:0 и сè може да се случи во текот на 90 минути.

Не гледам фаворити, бидејќи секој натпревар мора да се игра, вклучително и оние што може да изгледаат лесно на хартија. Македонија добро се брани и има добра техника, не заборавајте дека таа победи на гостувањето против Германија во квалификациите – вели Манчини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот