Манчестер сити ја прифати понудата на Ал-Ахли за Ријад Марез?!

фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Како што пренесува „Би-Би-Си Спорт“, досегашниот играч на Манчестер сити Ријад Марез ќе ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија.

„Граѓаните“ ја прифатија понудата од 30 милиони фунти и Алжирецот од следната сезона ќе ги брани боите на Ал-Ахли.

Овој 32-годишен фудбалер во текот на минатата сезона запиша 15 голови во 47 настапи.

Се очекува в четврток Марез да ги има лекарските прегледи, по што и официјално ќе потпише договор на три години со опција да биде продолжена соработката.

Лани успеа со „граѓаните“ да освои тројна круна доаѓајќи до трофеите во Лигата на шампионите, Премиер лигата и ФА купот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот