Малолетник повреден од струен напон на оградата од својот двор

Возила на Итна медицинска помош / Фото: Архива на „Слободен печат“

Малолетник од струшкото село Лабуништа е повреден од електрична енергија при допир на оградата во својот двор, соопштија денеска од СВР Охрид.

Според информацијата, синоќа во 21 часот и 10 минути во полициското одделение Велешта, било пријавено дека во приватна здравствена установа во селото Подгорци, со повреди бил донесен малолетник од селото Лабуништа.

„Полициски службеници извршиле увид и било констатирано дека малолетникот се здобил со повредите во својот двор при допир на ограда до која имало ниско поставени жици од далновод. За настанот, известен е јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот“, појасни портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Увидот треба да покаже како дошло до пренос на електрична енергија на оградата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот