Малешевци со натчовечки напори за спас на опожареното Мачево, активен пожарот и над Будинарци

Фото: МИА

Малешевци прават натчовечки напори да се спаси селото Мачево кое се бори со огнената стихија која е неколку метри од селото и се заканува да направи вистинска катастрофа.

На последната линија за локализирање на пожарот, како што информираше градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, вклучени се голем број на луѓе, вклучително и противпожарни служби од Словенија, Австрија и Бугарија.

– Огнот е веднаш до асфалтот во селото и навистина без поголема поддршка истиот нема да бидеме во можност да го изгаснеме. Истовремено пожарот е активен и над село Будинарци и истиот се наоѓа на 500 метри воздушна линија, рече Пекевски.

Додаде дека пламените јазици во Мачево денеска се префрлале од село Робово кое беше меѓу најкритичните точки зафатени во Малешевијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот