Мала збирка на интригантни „женски песни“ во издание на „Темплум“

Издавачката куќа „Темплум“ во рамките на едицијата „Старо купувам“ објави мала збирка на „феминистички народни песни“ илустрирана од три сјајни уметници.

Уредник на изданието е Никола Гелевски, а во збирката се употребени илустрации од Маја Стефановска, Душица Димитровска и Будимка Поповска.

– Со збирката сакаме низ внимателни слики да претставиме дваесетина посебни, необични, интригантни „женски песни“ од народното творештво. Избирајќи три различни уметници и три различни ликовни приоди сакаме да укажеме на разноликоста на темата со која се занимаваме, создавајќи предизвикувачки споеви и контрапункти ем меѓу различни ракописи, ем меѓу два медиума – книжевноста и сликарството. Оти, како што велеше Вилијам Блејк, спротивставеноста е вистинско пријателство – истакнуваат од „Темплум“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 124, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 9-10 април 2022)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот