Макс Ферстапен во Белгија ја славеше 10 победа сезонава во Формула 1

фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Макс Ферстапен е победник на Формула 1 трката за Големата награда на Белгија. Актуелниот светски шампион ја постигна 10 победа сезонава, осма во низа и само потврди дека никој не може да го спречи него и „Ред Бул“.

Трката ја поведе Карлос Перез од „Ред Бул, пред Шарл Леклер, Луис Хамилтон и Ферстапен. Пјастри и Саинц се судрија во мешаницата, па практично и двајцата ја завршија трката.

На повторениот старт, Ферстапен го помина слаломот во свој стил до првото место, дождот предизвика промена на гумите, но не и редоследот, бидејќи од половината на трката веќе беше јасно дека во 44 круга светскиот шампион нема конкуренција и дека лесно ќе ја забележи 10 победа во сезоната, осма по ред и 13 во низа за „Ред Бул“.

Втор беше Перез, а трет Шарл Леклер од редовите на „Ферари“. Четврти беше Хамилтон (Мерцедес), петти Алонсо (Астон Мартин), следат Расел (Мерцедес), Норис (Мекларен), Окон (Алпин), Строл (Астон Мартин), Цунода (Алфа)…

Во генералниот пласман по 12 трки во конкуренција на возачи води Ферстапен со 314 бодови, а го следат неговиот колега од Ред Бул Перез со 189, Алонсо со 149 и Хамилтон со 147 бодови. Во конкуренција на конструктори разликата е многу поголема, водат Ред Бул со 460 бодови, а потоа следат Мерцедес со 226 и Астон Мартин со 184 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот