Макрон смета дека неговата Влада не е виновна за отпуштањето на 100 работници од „Вирпул”

Фото: EPA-EFE/PHILIPPE WOJAZER

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска на отпуштените работници од фабриката за апарати за домаќинство „Вирпул”, во својот роден град Имиен, им изјави дека нема вина во неговата влада затоа што преземањето на оваа компанија не беше успешно.

Макрон во овој град во 2017 година водеше огорчена борба со ривалката на изборите Мари Ле Пен токму за гласовите на работниците, а тогаш на нив им порача дека верува во компанијата која ја презеде фабриката, иако таа подоцна пропадна, потсетуваат американските медиуми.

По второто преземање на фабриката без работа останаа повеќе од 100 работници.

Макрон нагласи дека владата не е виновна заради отпуштањето на работниците. Со ова тој се обидува да се спротивстави на повикот на крајната десница упатен до работниците пред локалните избори следната година и претседателските избори во 2022 година, наведуваат американските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот