Макрон му пиша на Пендаровски: Го почитуваме македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Фото: Стево Пендаровски / Фејсбук

Францускиот претседател Емануел Макрон на крајот на минатиот месец му испратил писмо на претседателот Стево Пендаровски во кое изразува честитки и поддршка за напредокот на патот на евроинтеграција на Македонија и посакува година на хармонија и натамошен напредок кон ЕУ.

Во писмото кое се смета за комуникација во рамките на воспоставениот дијалог на претседателско ниво меѓу Макрон и Пендаровски, францускиот претседател му честита на шефот на македонската држава за одржувањето на првата меѓувладина конференција за земјава за пристапување кон ЕУ, а договорот за Фронтекс е доказ дека целосно се почитува македонскиот јазик и идентитет.

Во писмото Макрон вели дека од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји пред триесетина години, Франција секогаш била присутна во клучните моменти од македонската историја: преку Роберт Бадентер, кој учествуваше во изготвувањето на македонскиот Устав, со работата на француските дипломати и војници кои помогнаа да се спречи избувнување граѓанска војна во раните 2000-ти и помош да се склучи Охридскиот договор, и најпосле, како што вели, во решавањето на спор со Бугарија.

„Ви честитам за напредокот постигнат во изминатата година. Одржувањето на првата меѓувладина конференција за пристапување на 19 јули беше голем чекор за Северна Македонија. Го поздравувам и потпишувањето на 26 октомври на договорот Фронтекс со Европската Унија, со кој се признава македонскиот јазик, спомнат без забелешки, што покажува дека постигнатиот компромисен предлог целосно го почитува унитарниот карактер на македонскиот идентитет“, се наведува во писмото.

Макрон му порачува на Пендаровски дека може да смета на неговата целосна и континуирана поддршка во текот на пристапните преговори у ште најавува дека „со задоволство наскоро ќе дојде во Северна Македонија, штом му дозволи агендата, на датум што заеднички ќе го утврдат како соодветен во поглед на политичката агенда“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот