Макрон: Кризата со „Жолтите елеци“ ме натера да го променам ставот кон граѓаните

Фото: Profimedia

Францускиот претседател Емануел Макрон призна дека кризата со аполитичкото граѓанско движење „Жолти елеци“ на некој начин била добра за него, објави „Б92“.

Макрон вели дека токму оваа криза го натерала да го промени ставот кон Французите.

– На некој начин, ситуацијата со „Жолтите елеци“ беше многу добра за мене, бидејќи ме потсетија што треба да правам. Веројатно оставив впечаток дека сакам реформи против народот. Понекогаш, мојата нетрпеливост се толкува како нетрпеливост кон Французите, но тоа не е така – рече Макрон во интервју за американски „Тајм“.

Францускиот претседател додаде дека е на половина од неговиот петгодишен мандат и дека се наоѓа во фаза меѓу примена на реформите и појавувањето на резултатите од нив.

– Мој предизвик е подобро да ги слушам луѓето, во однос на почетокот на мандатот – истакна францускиот лидер.

Европското издание на американскиот „Тајм“ ја посвети својата насловна страна на Макрон, вторпат од почетокот на неговиот мандат во мај 2017 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот