Макрон ја започна серијата состаноци со кинеските лидери

Макрон и Си во Кина / Фото EPA-EFE/Ng Han Guan / POOL

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Пекинг ја започна серијата состаноци со кинеските лидери со разговор со премиерот Ли Џианг, а подоцна во текот на денот ќе се сретне и со претседателот Си Џинпинг.

Макрон е во посета на Пекинг заедно со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Како што е најавено, по разговорите на Макрон со Ли, кинескиот премиер треба да биде домаќин на работен ручек со Фон дер Лајен.

Макрон и Фон дер Лајен ќе разговараат одделно со Си пред да се одржат трилатералните разговори.

Тие изјавија дека сакаат да ја убедат Кина да го искористи своето влијание врз Русија за да постигне мир во Украина или барем да го одвратат Пекинг директно да ја поддржува Москва во конфликтот.

„Кина е клучен трговски партнер, но компаниите од ЕУ се соочуваат со многу дискриминаторски пречки“, напиша Фон дер Лајен утринава на Твитер по состанокот со претставници на Европската стопанска комора во Пекинг.

Макрон отпатува во Кина со 50-члена деловна делегација, вклучувајќи ги Ербас, ЛВМХ, а се очекува производителот на нуклеарна енергија ЕДФ да постигне договори со Пекинг.

По пристигнувањето во Пекинг доцна во средата, Макрон рече дека Европа мора да се спротивстави на намалувањето на трговските и дипломатските врски со Пекинг.

Фон дер Лајен нагласи дека Европа мора да ги унапреди односите со Пекинг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот