Макрон: Франција е решена да се бори против антисемитизмот

Фото: EPA-EFE/PHILIPPE WOJAZER

Тој истакна дека во таа борба нема да победи антисемитизмот и дека „неговата решеност да дејствува против овој феномен е целосна”.

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека неговата земја е решена да се бори против омразата и нетолеранцијата што придонесуваат за подемот на антисемитизмот во Франција.

Макрон е еден од неколкуте десетици светски лидери што присуствува на церемониите во Меморијалниот центар Јад Швашад во Ерусалим заради одбележување на 75-годишнината од ослободувањето на логорот Аушвиц.

– Темната сенка на антисемитизмот е повторно родена. Антисемитизмот се врати, рече Макрон, кој денеска се сретна со преживеаните од Холокаустот.

Тој истакна дека во таа борба нема да победи антисемитизмот и дека „неговата решеност да дејствува против овој феномен е целосна”.

Емануел Макрон претходно се сретна со преживеаните од Холокаустот со француско потекло во меморијалниот центар, кој беше подигнат во спомен на 76.000 Евреи кои за време на Втората светска војна беа префрлени во логори на смртта, како што е Аушвиц.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот