Макрон е против идејата за потполно затворање на границите на Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон денес им порача на претставниците на верските заедници дека е против идејата за потполно затворање на земјата за спречување на ширењето на новиот коронавирус, изјави извор близок до главниот француски рабин Хаим Корсија.

Макрон им нареди на Французите да останат дома, да не одат на работа, да не вежбаат и да не излегуваат без посебна потреба, пренесува „Ројтерс“.

– Нема да има тотално затворање. Макрон рече дека тоа би предизвикало повеќе болка од лекување – рече извор близок на рабинот Корсија кој присуствувал на состанокот во Елисејската палата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот