Макрон доаѓа во Загреб : Ќе и продаде на Хрватска 12 борбени авиони „ Рафал“

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска доаѓа во Загреб во прва официјална посета. Хрватските медиуми јавуваат дека Макрон ќе потпише договор за купување на борбени авиони и стратешко партнерство меѓу двете земји, а се очекува и Франција да го поддржи влезот на Хрватска во Шенген и во еврозоната.

Поради тоа, ситуацијата на загребските улици е слична на онаа од Белград во 2019 година, кога Макрон дојде во посета и се сретна со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Сите улици низ кои ќе минува Макрон се затворени за граѓаните, а низ градот се распоредени силни полициски сили.

Францускиот претседател ќе биде пречекан од хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на Споменикот на Татковината, каде Макрон по сопствена желба ќе положи венец за жртвите од Татковинската војна, јавуваат хрватските медиуми. Потоа на работната вечера ќе разговара за глобални и регионални прашања, како и за набавка на француските борбени авиони Рафал.

На вечерата ќе присуствува и познатата хратска пејачката со француско државјанство Тереза ​​Кесовија, која специјално за Макрон ќе изведе неколку песни , а на вечерата е поканет и легендарниот тренер Ќиро Блажевиќ.

Во рамките на посетата Макрон ќе се сретне и со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.
Според најавите ќе биде потпишан договор за продажба на 12 француски борбени авиони од типот „Рафал“ на Хрватска. Засега не се познати сите детали за оваа голема набавка, како и каква опрема и оружје ќе поседуваат француските борбени авиони.

Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Во Загреб Макрон не е придружуван од неговата сопруга Брижит, туку со него доаѓа француската министерка за одбрана Флоренс Парли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот