Макпетрол АД продолжува да инвестира во сопствените капацитети, комплетно реновирана бензинската станица во Битола

Следејќи ги светските стандарди во трговијата со нафтени деривати, како и потребите на своите потрошувачи, Макпетрол АД постојано се труди да имплементира новини во своето работење.

Во согласност со тоа, инвестицискиот циклус на Макпетрол АД продолжува и оваа година со завршување на реновирањето на бензинската станица во Битола. Со тоа, бензинската станица доби карактеристики на модерна и функционална единица која ќе ги задоволи сите потреби на потрошувачите.

Целосната инвестиција во оваа бензиска станица изнесува околу 18.000.000 денари и истата овозможи целосно модернизирање на станицата. На бензиската станица достапни се сите деривати и течен нафтен гас, како и дополнителните услуги што ќе можат да се добијат во современата продавница. При тоа, бензинската станица ги исполнува сите безбедносно – технички нормативи и во потполност ги исполнува современите функционални и естетски стандарди.

Компанијата постојано ги следи навиките на своите потрошувачи и се труди на најдобар начин да им излезе во пресрет. Макпетрол АД продолжува со изградба на нови, како и осовременување и модернизирање на постојните бензински станици и складови низ републиката, со цел што поуспешно и поефикасно сервисирање на потребите на потрошувачите.

 

Комерцијален текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот