Македонските кошаркарки стартуваа со победа на У20 Европското првенство

Македонската женска кошаркарска репрезентација славеше против Косово/Фото: kfsm.mk

На премиерниот меч на Европското првенство (Дивизија „Б“) во Скопје, одлична игра и победа на македонската женска селекција „Под 20“ години.

Во првото коло од групата „Ц“ нашите кошаркарки триумфираа над Косово со резултат 83:69.

Матеа Николиќ беше прво име во македонската репрезентација со 26 поени, имаше и девет скока. Значаен придонес запиша и Секуловска која реализираше 19 поени, потоа Селцова која уфрли 17, а Тасевска 14 поени.

Во поразениот состав Рахмани имаше 22 поени, Тухина ја следеше со 15 поени (четири асистенции).

На вториот ден од шампионатот во нашиот главен град, нашата женска селекција „Под 20“ е слободна. На 11 јули (понеделник), исто така од 18.45 часот, во СРЦ „Кале“ Македонија ќе игра против Хрватска.

Денеска се одигра уште еден меч во групата, Романија со 79:54 беше подобра од Хрватска, а слободна беше селекцијата на Црна Гора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот