Македонскиот возач Игор Стефановски – Иџе со рекорд и победа на трката во Шпанија

фото: facebook.com/IgorIdzeStefanovski/

Во рамките од ФИА Европскиот шампионат на ридските патеки Игор Стефановски – Иџе донесе нов голем резултат за нашата земја.

Македонскиот возач оствари победа во Шпанија, а покрај освоениот пехар, на трката постави и нов рекорд.

Во категорија „1“ Стефановски со својот „Хјундаи и30Н ТЦР“ се најде на врвот во групата „3“ пред Шпанецот Алберто Ордоњез Лосада и О’Плеј од Италија. На четвртата позиција се најде Милован Весниќ од Србија, а петтопласиран е Никола Грание од Франција.

Потсетување дека претходно во Австрија нашиот Иџе освои едно прво и едно второ место, додека во Франција го освои првото место на првата трка, но заврши како трет во силната конкуренција во генералниот пласман.

– Македонија е мала земја, но од таму доаѓа најголемиот! -ИЏЕ. Победа и нов рекорд во Шпанија – стои во објавата на Стефановски на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот