Македонскиот репрезентативец Трајковски од Мајорка се сели во Данска

Александар Трајковски потпишал договор на 18 месеци со Ал-Фајха/Фото: EPA-EFE/Robert Ghement

Уште на стартот од новата сезона Мајорка и нејзиниот тренер Луис Гарсија Плаза ставија до знаење дека нашиот напаѓач ќе биде последна опција во нападот и дека повторно само ќе ја „грее“ клупата.

А токму тренерот Гарсија Плаза неодамна го „советуваше“ репрезентативецот на Македонија да побара нова средина каде што ќе има поголема минутажа.

Моментно Александар Трајковски (28) е со националната А селекција за престојните квалификациски натпревари за пласман на Светското првенство 2022 година во Катар.

Денеска доаѓаат нови информации дека Трајковски би можел својата кариера да ја продолжи во Данска.

Поточно, се шпекулира дека Македонецот е многу блиску до позајмица во редовите на Алборг.

После седум одиграни кола Алборг во најсилниот дански шампионат е на петтото место со 12 бодови, пет помалку зад водечкиот Копенхаген.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот