Македонскиот репрезентативец Серафимов го напушти унгарскиот ЗТЕ

Никола Серафимов во следната сезона ќе има нов клуб/Фото: ФФМ

Минатата сезона македонскиот одбранбен репрезентативец ги бранеше боите на ЗТЕ, или Залаегерсег, во чии бои запиша 31 настап и четири голови и со екипата го освои осмото место во тамошната лига.

Никола Серафимов преку социјалните мрежи ги информираше фановите дека ова лето ќе се раздели со ЗТЕ.

– Само сакам да кажам – благодарам за сè! Тоа беше неверојатно едногодишно патување со одлични фудбалери, стручен штаб и навивачи. Ќе ги носам најубавите спомени со мене и ќе ви посакам многу среќа во иднина. Но, сега е време да се збогуваме – објави Серафимов.

Досега во клупската кариера беше дел и од Академија Пандев, Брегалница Штип, Пелистер и Вардар.

Во изминатиот период се шпекулираше дека нашиот играч ќе остане во Унгарија, се поврзува со трансфер во МОЛ Фехервар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот