Македонскиот репрезентативец Серафимов ќе има нов клуб во Унгарија!?

серафимов
Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов во дресот Залаегерсег/Фото: Horváth Krisztián/ztefc.hu/hu

Како што пренесуваат унгарските медиуми, 22-годишниот Никола Серафимов би можел од следната сезона да има нов клуб.

Минатата сезона македонскиот одбранбен репрезентативец ги бранеше боите на ЗТЕ или Залаегерсег во чии бои запиша 31 настап и четири голови и со екипата го освои осмото место во тамошната лига.

Според Унгарците нашиот дефанзивец имал одлична сезона и се шпекулира дека МОЛ Фехервар покажува интерес да го ангажира Серафимов. Информациите велат дека двете страни се блиску до потпишување на договор.

МОЛ Фехервар (за чиј клуб претходно настапуваа Мирко Ивановски, Висар Муслиу и Бобан Николов) ја обезбеди четвртото позиција годинава и ќе игра во квалификациите на Лигата на Конференции.

Серафимов во нашата земја беше дел од Академија Пандев, Брегалница Штип, Пелистер и Вардар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот