Македонскиот репрезентативец Чурлинов му донесе триумф на У21 тимот на Барнли

Дарко Чурлинов, фудбалерот на Барнли/фото: burnleyfootballclub.com

Дарко Чурлинов игра сè подобро на фудбалските терени после долгата пауза, денеска имаше нов настап за У21 тимот на Барнли.

Во професионалната развојна лига на Англија У21 тимот на Барнли со 1:0 триумфираше против У21 тимот на Шефилд јунајтед.

Стрелец на единствениот гол беше македонскиот репрезентативец Чурлинов во 90 минута од мечот.

Чурлинов минатиот месец исто така се запиша во листата на стрелците за У21 тимот во победата над Блекбурн роверс (2:0).

Менаџерот на првиот тим на Барнли, Винсент Компани и денеска не смета на нашиот играч во премиерлигашкиот дуел против Кристал палас, но фановите на клубот веќе ги забежуваат добрите настапи и на социјалните мрежи коментираат дека Македонецот заслужува да биде во првиот тим на Компани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот