Македонскиот ракометен „крал“ Кирил Лазаров го слави 42 роденден

Кирил Лазаров запишан како еден од најдобрите десни бекови во историјата на ракометот/Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Македонскиот репрезентативец и селектор на нашата најдобра селекција Кирил Лазаров денеска полни 42 години, а како и натаму знае да игра на високо ниво, годините се само бројка.

Секако, се ближи крајот на неговата професионална кариера како ракометар, но секако веќе со големо внимание следиме како ќе се движи неговата тренерска кариера.

Ова лето истекува договорот со францускиот клуб Нант, а со репрезентацијата и натаму ќе продолжи како играч-селектор, иако како што тој најави, на следното Светско првенство 90% ќе го гледаме во тренерка.

Вистинска гол-машина, ќе остане запишан како еден од најдобрите десни бекови во историјата на светскиот ракомет.

Имаше богата клупска кариера која ја започна во Борец, па првите трофеи ги освојуваше со битолски Пелистер. Редеше титули во странство со Загреб (седумпати шампион на Хрватска, пет во Купот), со Веспрем (петпати шампион на Унгарија, пет во Купот).

Потоа, во Шпанија со Сиудад Реал (по еднаш ги освои Копа дел Реј, АСОБАЛ Куп, АСОБАЛ Суперкуп, Светското клупско првенство, финалист во ЛШ сезона 2010/2011), со Атлетико Мадрид (двапати Копа дел Реј, по еднаш АСОБАЛ Суперкуп, АСОБАЛ Куп, Светското клупско првенство), со Барселона (ја освои ЛШ во 2015 година, по трипати ги освои АСОБАЛ лигата, АСОБАЛ Суперкупот, Копа дел Реј, АСОБАЛ купот), а беше финалист со Нант во ЛШ во сезоната 2017/2018.

Најголемиот успех со македонската репрезентација го имаше на Европското првенство 2012 освојувајќи го петтото место. Во националниот дрес има 208 настапи и 1443 постигнати голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот