Македонски дуел во првото коло од новата сезона во АБА 2 лигата

Пелистер и ТФТ ќе ја претставуваат Македонија во АБА 2 лигата/фото: kfsm.mk

Покрај возбудувањата во првата АБА лига, секако со внимание ќе следиме и она што ќе се случува во АБА 2 лигата во која Македонија ќе ја претставуваат две екипи, ТФТ и Пелистер.

Регионалното натпреварување ги објави сите учесници во АБА 2 лигата за сезоната 2022/2023, а воедно е познат и распоредот на мечеви.

Во првото коло на програмата ќе биде македонскиот дуел помеѓу ТФТ Скопје и Пелистер од Битола. Во следниот период ќе бидат познати термините и саатниците.

Распоредот на натпревари можете да го погледнете ТУКА

АБА2 лига
1. коло, двојки –

Крка – Спарс Илиџа
Слога – Златибор
Подгорица – Сутјеска
ТФТ Скопје – Пелистер Битола
Шенчур – Хелиос Санс
Широки – Борац Бања Лука
Вриједноснице Осиек – Горица

МЗТ ќе има пеколен старт: Прво гостува кај Црвена звезда, па дома против Партизан

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот