Македонски државјани се обиделе преку Бугарија да влезат во Грција, Евзони затворен без најава

Околу 10 до 15 автомобили од Северна Македонија и Босна и Херцеговина утрово биле вратени од граничниот премин Промахонас/Кулата на грчко-бугарската граница, откако сакале преку Бугарија да влезат во Грција, објавија грчките телевизии „Скај” и „Мега”.

Конкретниот граничен премин е отворен за влез на туристи во Грција, но само од земјите членки на ЕУ и од третите земји што се најдоа на европската листа, додека пак за македонските државјани,забраната за влез во Грција до 15 јули 2020 важи независно од граничниот премин, јави дописничката на МИА од Атина.

Пред еден час, грчките погранични службеници повторно го затворија копнениот премин „Евзони”.

Од граничниот премин „Богородица” ни ја потврдија одлуката на нивните колеги од спротивната страна и само кажаа дека ваквата одлука ќе се применува најмалку до 15 јули.

Друго образложение од грчка страна до овој момент нема, освен што на патниците и туристите кои од денеска може да патуваат за Грција им се препорачува за влез во Грција да ги користат граничните премини преку Бугарија.

За транзитниот товарен сообраќај нема пречки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот