Македонија во Топ 6 највредни репрезентации кои досега не вкусиле Мундијал

Според „Трансфермаркт“ македонската А репрезентација вреди 53,90 милиони евра/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Вчера нашата А репрезентација ги продолжи настапите во квалификациите за Светското првенство 2022 година кое ќе се одржи во Катар.

Во четвртокот избраниците на новиот селектор Благоја Милевски на патот кон тој Мундијал можеби направија само еден „мал чекор назад“ откако ремизираа 0:0 против Ерменија.

Моментно на табелата во квалификациската група „Ј“ водат и натаму Ерменците со 10 бодови, пред Германија која има девет, Македонија е третопласирана со седум, Романија има шест, Исланд три, а Лихтенштајн без бодови.

Следните мечеви се веќе за два дена, на 5 септември нашите најдобри фудбалери гостуваат во Рејкјавик кај Исланд (18.00 часот по македонско време), а од 20.45 часот Германија е домаќин на Ерменија, додека Романија ја има фаворитската улога против Лихтенштајн.

Порталот „90min.com“ објави една интересна вест во која се издвоени Топ 6 највредни репрезентации (според податоците на „Трансфермаркт“), а помеѓу нив е и Македонија.

За нашата репрезентација, која котира на петтата позиција и вреди моментно 53,90 милиони евра, се вели дека е препознаена од напаѓачот Горан Пандев, освојувачот на Лигата на шампионите со милански Интер, за првпат играше на Европско првенство годинава и ќе се обиде да го повтори подвигот стигнувајќи до Катар во 2022 година.

Топ 6 највредни репрезентации кои не се квалификувале досега на СП –

1. Буркина Фасо 80 милиони евра
2. Венецуела 74,5 милиони евра
3. Габон 65,7 милиони евра
4. Албанија 65 милиони евра
5. МАКЕДОНИЈА 53,90 милиони евра
6. Мали 52,95 милиони евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот