ФОТО: „Сакавме победа, сакавме победа“, на крајот само бод против Ерменија

фото: Слободен печат/Драган Митрески

Македонската фудбалска А репрезентација во својот четврти натпревар од квалификациите за СП 2022 на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје ремизираше 0:0 со селекцијата на Ерменија.

Почетната иницијатива во првите 10 минути ја имаа нашите фудбалери, опасно кружејќи пред ерменскиот гол, првата не толку сериозна шанса ја имаше Елмас колку да го испроба својот удар.

Противникот полека се ослободуваше од притисокот, но и натаму тешко доаѓаа до нашиот голман Димитриевски да го загрозат. Се водеше голема борба во средниот ред кој повеќе да ја има контролата на теренот, во 23 минута Елмас беше фаулиран од десната страна што беше убава можност да се дојде до реализација.

Еден од нашите лидери во селекцијата, Елиф Елмас/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Барди сакаше веднаш скратено да додаде до Алиоски, но овој лошо реагираше во намерата да шутира, па така пропадна можност за водство.

Конечно сериозно се закануваше Македонија, Трајковски шутираше за малку покрај голот, а потоа и Костадинов беше непрецизен во 31 минута.

120 секунди подоцна и Ерменија, една од најголемите ѕвезди во гостинската репрезентација, Мхитарјан со глава за наша среќа безопасно за Димитриевски.

Успеавме да ги спречиме опасните полуконтри на Ерменците/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Една загубена топка на нашата половина можеше скапо да ја чини Македонија, во последен момент Муслиу го блокираше Адамјан.

На стартот од второто полувреме тешко доаѓавме до позиција да дојдеме до нова сериозна шанса, а Милевски после еден час игра ја направи првата замена, излезе од игра Трајковски, на негово место минутажа доби Спировски. Во 62 минута конечно повторно се заканивме, Алиоски силно шутираше, но директно во ерменскиот голман Јурченко кој ја отстрани опасноста.

Езџан Алиоски беше најблиску да ја израдува Македонија со погодок/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Во тек беше 75 минута немавме решение да склопиме еден сериозен напад, а и самите гледачи на трибините негодуваа поради неснаодливоста на македонските репрезентативци.

И противникот не беше до толку опасен, но се обидуваше да изненади од полуконтри кои навидува лесно ги спречуваше нашата одбрана. Алиоски во последната 90 минута повторно шутираше силно со левата нога, но за наша несреќа само покрај десната статива.

Адис Јаховиќ го имаше својот „кам-бек“ репрезентација, но без никаков ефект/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Квалификации за СП 2022

Национална арена „Тодор Проески“ – Скопке

Македонија – Ерменија 0:0

Македонија: Димитриевски, Муслиу, Елмас, Алиоски, Трајковски (Спировски 60`), Барди, Чурлинов, С. Ристовски, Д. Велковски, Јаховиќ (М. Ристовски 81`), Костадинов (Ашковски 83`).

Стефан Ристовски ја заврши успешно задачата во делот на одбраната/Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Сакавме да напаѓаме, но моравме и да спречуваме непосакуван пораз во Скопје/Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Еден од најмладите во тимот, Дарко Чурлинов ја доби довербата од селекторот/Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Бод на кој повеќе се радуваше Ерменија, отколку Македонија/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот