Македонија во пазарот на Макрон

„Предлогот на Макрон за реформи на Унијата е пат во бесконечност“, вели за Слободен печат Амбасадорот и франкофон Мухамед Халили. И веројатно е во право.

Спротивставувањето на Макрон е со образложение дека најпрво треба да се изработи нова методологија по која земјите ќе пристапуваат во Унијата. Според овој предлог се подразбира почнување на преговорите, но и враќање назад и повторно отворање на веќе затворени поглавја, ако земјата преговарач назадува во некои области. Ако се има предвид дека станува збор за 33 поглавја и за 27 членки на Унијата кои во секој монент можат да стават забелешки на одредено поглавје, тогаш навистина станува збор за бесконечен процес кој не само Македонија, туку ниедна земја сега членка на Унијата не би можела да го заврши.

Прочитајте и...  Интензивно се гради браната „Конско“, досега 60 отсто од изградбата е завршена

Но сепак останува малку нејасно дали Макрон се залага за темелна реформа на Европската Унија, особено по заминувањето на Велика Британија, или „само“ за системот на проширување на Унијата. Дали тоа подразбира ревизија на Лисабонската декларација или на Коепнхашките критериуми. Но, што и да мисли под тоа Макрон, тоа подразбира долготраен процес за кој Халили смета дека нема да биде помалку од пет години и за што ќе биде потребен консензус на сите земји членки кои треба да се согласат за отпочнување на една таква тешка задача.

Очигледно е дека Франција преку претседателот Макрон ја уценува Унијата или „некоја“ земја од Унијата со која сака да си го мери (влијанието во ЕУ зоната но и на Балканот).
Ако за повеќето земји еден од аргументите за побрзо членство на Западен Балкан во ЕУ е намалување на влијанието на Русија и Кина но и на Турција, за Франција тоа е адут во пазарењето. Имено Франција која од поодамна ја нема економски и политички во Македонија, но е сеуште присутна во Србија, сака да се врати како значаен инвеститор на Балканот, а да не ја налути Русија, која е незадоволна од ширењето на ЕУ кон земји каде традиционално има свое влијание.

Прочитајте и...  Над три милиони активни случаи со Ковид-19 во светот, Бразил е една од најпогодените земји (ВИДЕО)

Геостратешки гледано Македонија во оваа констелација се чини е „небитна“ за Франција која на неколку пати се има „изгорено“ инвестициски во нашата земја. Еднаш со Вардарска долина и втор пат со Алкател.
Затоа може да се случи оваа Македонија и како Северна да си го „крка“ и пак да биде како и секогаш досега во историјата „монета за поткусурување“. Не толку како одмазда но како алатка за притисок кон Гермнија на која и важно членството на Западен Балкан во ЕУ или барем добивањето датум за преговори.

Со слични ставови е и реномираното европско издание „Политико“ кое пишува за можно пазарење на Париз во пресрет на денешната заедничка седница на француската и германската влада во Тулуз, во присуство на претседателот Емануел Макрон и канцеларката Ангела Маркел.

Прочитајте и...  Полицајци синоќа правеле забава во кратовското село Куклица

Прочитај повеќе

Две лица вработени во детска градинка во Пробиштип позитивни на коронавирусот

Слободен печат

Трамп: Јас сум најдобар за црнечкото население од Линколн

Слободен печат

ИАТА: Пораст на патничкиот авиосообраќај во мај од 30 отсто

Слободен печат

Кастанер ветува казна за „секоја грешка” или расистички збор во француската полиција

МИА Агенција

Јанева пред ревизорите се соблекла по долна облека, дадена и е инекција за смирување

Слободен печат

Османи: Владата на Хоти не ја претставува волјата на граѓаните на Косово

МИА Агенција

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Слободен печат на Инфективна клиника: Коронавирусот постои и никој не е имун на него (ФОТО+ВИДЕО)

Мими Шушлеска Петкова

Општина Карпош: Граѓаните да бидат спокојни, завршено е времето кога ДУП – овите се носеа на сила

Слободен печат

Белгија од понеделник ги отвора границите и угостителските објекти

МИА Агенција

Комисијата за заразни болести влезе во вртлогот на партиското препукување меѓу власта и опозицијата

Во Куманово 12 новозаразени со ковид-19, од кои 10 се од Липково

Слободен печат

Турција: Уапсени 29 активисти кои го осудиле насилството во САД

Слободен печат