Фото: ФФМ

Македонија вечерва сака да продолжи и низа која ја започна пред две години во Палермо

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска игра против Белгија во Гент и ова ќе биде и натпревар во кој ќе се обидеме да продолжиме една одлична низа.

„Црвено-жолтите“ вечерва во Гент ќе се обидат да ја продолжат импресивната низа од 13 последователни официјални натпревари со постигнат гол.

Оваа низа започна на 17 ноември 2023 година, на гостувањето кај Италија во Палермо, кога Македонија постигна два гола, и покрај поразот од 5:2. Оттогаш, нашите репрезентативци не престануваат да ги тресат мрежите на противниците, без разлика дали станува збор за квалификации, Лига на нации или пријателски средби под капата на ФИФА и УЕФА.

Со ова, веќе одамна е надминат претходниот рекорд од 9 натпревари со погодок во серија, постигнат во периодот на квалификациите за СП 2018 и Лигата на нации 2018 година.

Натпреварот во Гент се игра во терминот од 20:45 часот.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот