Македонија У21: Сакаме победа против Гибралтар за останување во игра за пласман на ЕП

Фото: ФФМ

Фудбалерите до 21 година денеска од 14:00 часот на Националната арена го играат натпреварот против Гибралтар во кој ќе се обидат да се вратат во трката за пласман на Европското првенство во 2025 година.

За Македонија ова ќе биде петти натпревар во кој со победа би се вратиле во игра за местата кои водат на континенталниот собир.

Победа во овој натпревар во кој влегуваме како фаворити би била втора по стартниот триумф против Шведска, но подоцна забележавме два неочекувани кикса против Молдавија и Грузија, додека поразот од Холандија беше очекуван.

„Не очекуваат два многу битни натпревари против Гибралтар и Шведска. Мечот со Гибралтар мораме да го добиеме. Императивот е победа, се друго би било неуспех за нас. Во вториот дуел очекувам да се покажеме во добри светло, ќе се обидеме да се надигруваме со силен противник како Шведска и да покажеме дека победата против нив на гостински терен во првото коло не беше случајна. На претходните мечеви од квалификациите против Холандија, Молдавија и Грузија резултатски не бевме успешни, се надевам дека тоа нема негативно да се одрази на нашата игра на следните мечеви.

Верувам во моите фудбалери, имаме сили, располагаме со квалитет кој треба да го покажеме на следните квалификациски дуели. Силно посакуваме да се вратиме на победничките патеки. Фокусирани сме на првиот меч против Гибралтар кој мора да го добиеме. Што се однесува за дуелот со Шведска, очекувам да имаат друг пристап во однос на првиот наш меѓусебен дуел, но и ние имаме свои математики и цели, стратегија и начин како да се спротиставиме и како да одиграме против нив“, изјави селекторот Канатларовски.

Натпреварот против Шведска го играме пет дена подоцна исто така на домашен терен и во истиот термин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот