Фото: ФФМ

Македонија сака изненадување во Гент за продолжување на мундијалскиот сон!

Maкедонската фудбалска репрезентација вечерва го игра натпреварот против Белгија во квалификациите за Светското првенство во кој домаќините ќе ја имаат фаворитската улога.

Белгија ќе биде фаворит, меѓутоа Македонија сигурно нема да излезе со „бело знаме“, покажавме и во Скопје против Белгијците дека можеме да играме.

„Белгија има неверојатен ростер, тие се и понатаму фаворити во групата, но ние продолжуваме да сонуваме и не очекуваат решавачки натпревари. Ќе сториме сè за да ја оствариме нашата цел. Имаме прекрасни момци, кои секогаш го даваат максимумот и се тука за Македонија”, изјави селекторот Милевски на прес-конференцијата.

Македонија досега против Белгија одиграла пет официјални натпревари во кои немаме ниту една победа, трипати загубивме и двапати одигравме нерешено.

Првиот беше во 1994 година во квалификациите кога одигравме 1-1, потоа во истиот циклус загубивме 0-5 на домашен терен. Следните средби беа во квалификациите за Светското првенство во 2013 година, тогаш двете ги загубивме 0-2 на домашен терен и 1-0 во Белгија. Последниот дуел беше во јуни оваа година кога се прикажавме во добро светло и ремизиравме 1-1.

Натпреварот е и тоа како важен во битката за пласман на Светското првенство, Македонија е лидер во групата со 11 бода, Белгија има 10, исто колку и Велс, но Белгијците се и со натпревар помалку. По денешниот натпревар, Македонија ќе го пречека Казахстан на свој терен за три дена во Скопје.

Дуелот кој се игра во Гент вечерва е закажан за во терминот од 20:45 часот.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот