Македонија напредуваше за две позиции на ФИФА ранг листата

фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

По ремито со актуелниот европски шампион Италија и победата над Малта на гости, македонската фудбалска А репрезентација бележи напредок на најновата ФИФА ранг листа.

Моментно сме на 66 место со 1362 поени, што е за две позиции подобро од последниот ранкинг.

Нашиот следен ривал во квалификациите за ЕП 2024, Украина остана на 24 позиција.

Англија и натаму е на четвртата позиција, Италијанците паднаа на деветтото место, а сега Португалија е осмопласирана.

Светскиот шампион Аргентина и натаму е на врвот со 1851 поен, пред Франција и Бразил.

ФИФА ранг листа
Топ 10

1.Аргентина 1851 поен
2.Франција 1840
3.Бразил 1837
4.Англија 1794
5.Белгија 1792
6.Хрватска 1747
7.Холандија 1743
8.Португалија 1728
9.Италија 1727
10.Шпанија 1710

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот