Македонија напредуваше четири позиции на најновата ФИБА ранг листа

Фото: КФСМ

Со победата против Полска најдобрата македонска кошаркарска репрезентација скокна за четири позиции на ФИБА ранг листата и сега се наоѓа на 24. место.

Македонските кошаркари одиграа одличен два натпревари во овој квалификациски прозорец и забележаа пораз од Естонија во кој прикажавме добра игра и победа против Полска на гостински терен.

Ваквиот учинок беше доволен да се најдеме на 24. место.

Во 80 минути низ двата февруарски натпревари, Македонија имаше водство преку 54 минути (20:16 минути со Естонија) и (33:52 минути со Полска) и оствари скор од победа и пораз. Тие би преферирале победа против ривалот од квалификациите Естонија повеќе отколку против веќе квалификуваната Полска, но со сигруност овој резултат добро го прифатија. Една работа која е сигурно е дека еден-два играта на Ненад Димитријевиќ и Итан Хап ќе биде тешка за противниците секогаш кога тие заедно ќе излезат на теренот“, објави ФИБА.

Промена имаше и на врвот каде што Србија ја прескокна Франција, а потоа следуваат: Летонија, Грција, Италија, Словенија, Белгија, Литванија, Германија и Естонија.

Големата победа на Македонија над Полска најголемо изненадување во квалификациите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот