Македонија лидер во регионот по употреба на бесконтактна технологија

Поради кризата граѓаните поподготвени да користат бесконтактни трансакции.

Бесконтактниот начин на плаќање во земјава бележи пораст за 113 проценти во однос на март минатата година, а 86 проценти од граѓаните се подготвени да користат бесконтактни трансакции, покажува првото регионално истражување на компанијата „Виза” во рамки на кампањата „Во чекор со дигиталната иднина”.

Истражувањето е спроведено во текот на мај, на примероци од по 500 корисници на картички во земјите од регионот, во старосна граница од 18 до 55 години.

Лидер во регионот по употреба на бесконтактна технологија е Северна Македонија, каде што дури 68 проценти од испитаниците го користат овој метод при плаќање.

Албанија бележи најниска употреба – дури еден од 10 потрошувачи плаќа на овој начин, но купувачите во оваа земја се мотивирани да се запознаат подобро со оваа технологија и да ги користат нејзините придобивки.

Како главни предности на употребата на бесконтактни картички се истакнуваат брзината (65 проценти од корисниците го навеле ова како бенефит), едноставност за ракување (65 проценти) и практичност (65 проценти).

Околу 38 проценти од купувачите кои не користат бесконтактни картички, како причина го наведуваат тоа што банката не им понудила таква можност, додека девет проценти истакнуваат дека не знаат дека постои таква опција во државава, или пак се загрижени за безбедноста во текот на користењето – 18 проценти. Шест проценти од корисниците признале дека не се сигурни како се употребуваат бесконтактните картички.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот