Македонија ќе има пет борачи на Светското првенство во Белград

фото: facebook.com/bfrsm.mk

Во периодот од 10 до 18 септември во Белград (Србија) во „Штарк Арената“ ќе се одржи Светското првенство во борење на кое свои натпреварувачи ќе има и нашата земја.

Македонија на СП ќе ја претставуваат Владимир Егоров во категоријата до 57 килограми, потоа Бесир Алили до 61 кг., Фати Вејсели во категоријата до 70 кг., Дејан Митров (-79 кг.) и Могамедгаџи Нуров (-97 кг.)

Нашите борачи ќе се обидат да се закитат со еден од медалите, а како најголем кандидат за искачување на подиумот е европскиот шампион Егоров, како и освојувач на мундијалската бронза, Нуров.

Најавите се дека на Светското првенство за сениори ќе настапат 2.500 борачи од 75 земји.

Инаку како дел од подготовките за СП Фати Вејсели, Бесир Алили и Ахмед Адеми беа дел од кампот во Крагуевац организиран од УВВ и Боречката федерација на Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот